|
|
Неуромедика е
првата приватнa поликлиника во Р. Македонија, која опстојува и
успешно работи веќе 17 год. Здравствената заштита се состои од примарна и
секундарна здравствена заштита, а посебен акцент е ставен на комплетната
медицинска услуга 24 часа во текот на денот, како и на домашната посета од страна
на наши медицински екипи.
Нашата активност на
полето на поликлиничко – дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во
Скопје, Дијагностички центар во Кукуш-Грција, поликлиничко дијагностички центар во Куманово. На овие
локации работат ординации по општа пракса и специјалисти од одредени области.
Во овој момент
Неуромедика е горда со своите 80 вработени- високо стручен кадар (лекари општа
пракса, лекари специјалисти од различни области, медицински сестри и менаџерски тим).
Би сакале да Ви ги
напоменеме услугите кои Неуромедика ги нуди:
Општа пракса, Психијатрија, Неуропсихијатрија,
Психотерапија и рехабилитација, Дерматологија и венерологија, Гинекологија, Педијатрија,
Хирургија и оперативни третмани, Неврологија, Стоматологија., Орална
хирургија, Неурохирургија, Офталмологија, Урологија, Психологија, Ортопедска
хирургија, Физикална терапија,
Алергологија, Пулмологија, Реуматологија, Интерна медицина, Кардиологија, Оториноларингологија, Мамографија, Рентген, Магнетна
резонанца, Компјутерска томографија, Ултразвучна дијагностика, Лабораторија
и многу други.
Примарната
здравствена заштита се нуди на
пациентите 24 часа во текот на денот. Домашните посети како и санитетскиот
транспорт на пациентите се врши со четири добро опремени амбулантни возила на
Неуромедика. Две од нив се опремени за транспорт на потешко болни пациенти
надвор од Р.Македонија.
Неуромедика е
единствената поликлиника во Р.Македонија што нуди услуга на домашна
посета од специјалисти од различни области во текот на 24 часа во денот.
Посебна специфика на Неуромедика е заокружен и целосен дијагностичко-тераписки
процес, единствен во Р. Македонија, претставен со: 1. Центар за епилепсии (епилептолог, EEG, CT, NMR, неурохирург) 2. Центар за болести на градата
(хирург, ехографија, мамографија, цитодијагностика) 3. Центар
за болести на 'рбетникот (ортопед, неуролог, неурохирург, RTG, CT, NMR, физикална терапија, кинезитерапија)

|
|