Често Поставувани Прашања

Каде се наоѓаат вашите ординации?

Едната ординација се наога на ул.Партизански Одреди пред СИМПО,а другата е после мостот Обединети нации веднаш десно.

Дали имате ваши ординации надвор од Скопје и доколку имате каде се наоѓаат?

Да, имаме во следниве градови : Тетово, Куманово, Штип, Кочани, Битола.

Кое е работното време на Неуромедика и дали може да закажам во термин кој мене ми одговара?

Нашето работно време е 24 часа и можете да закажете термин на нашите телефонски броеви 2 313 33 13,204 23 23 и деж.моб.075 402 000 или лично во нашите простории.

Дали имате домашна посета?

Да имаме домашна посета од општи лекари и специјалисти во зависност од потребата ваша,може да закаже на 2 313 33 13, 204 23 23 и 075/402-000

Дали може добиените резултати да ни ги испратите на е-маил?

Да, можеме.

Дали имате медицинско возило за транспорт на пациент?

Да, имаме неколку санитетски возила коишто може да се организираат во било кое време во и надвор нашата земја.

Со кого и како може да се договориме нашите вработени да ги извршат потребните систематски прегледи?

Систематските прегледи можат да се договорат со нашите менаџери на тел 3114 023 или на нашиот е-маил neuromedica@neuromedica.com.mk

Каков тип на лекарски уверенија правите?

Кандидати за возачи А, Б, Ц, Д и Е категорија, професионални возачи, таксисти, за вработување и работоспособност, периодични системски прегледи за фирми и за работа на брод.

Кои специјалистички служби ги имате во вашата ординација?

Интерна медицина, психијатрија, педијатрија, неврологија, хирургија, физикална медицина, дерматовенерологија, очни болести, орл прегледи, ортопедија, гинекологија, стоматологија.

Дали може со упат и плаво картонче да извршам преглед за очни болести?

Да, може на тој начин што ќе земете упат од вашиот матичен лекар со плаво картонче.

Дали може да одбереме матичен гинеколог?

Да, можете.