За Неуромедика

Неуромедика е првата приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 24 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти. Низ постојаното вложување придонесува за континуирано подобрување на квалитетот на услугите. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета од страна на нашите медицински екипи.

Нашата активност на полето на Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиничко – дијагностички центар во Тетово, Поликлиничко – дијагностички центар во Куманово, Поликлинички центар во Штип и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области.

Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација. 

 



Менаџмент


Видеa



Неуромедика Видео презентација


Неуромедика реклама


Неуромедика 2014


Неуромедика реклама


20 години Неуромедика