Магнетната резонанца со јачина од 1.5 тесла со која располага Неуромедика е најсовремената, радиолошка дијагностичка метода за откривање на болести, оштетени меки ткива и органски системи во целото тело. Апаратот со јачина од 1.5 тесла значи поголема продорност, давање на квалитетни и јасни слики што резултира со поголема ефикасност и ефективност во воспоставување на дијагнозата од претходно користените апаратури.
Апаратот за магнетна резонанца користи силно магнетно поле, и радио бранови намесето X зраци за добивање на висококвалитетен слоевит приказ на внатрешноста на човечкото тело. Прегледот трае од 10 до 20 минути и нема никакви штетни ефекти поради што може да се користи и повеќекратно во краток временски период.
Клаустрофобијата како еден од главните проблеми кај пацинетите, со примена на нашиот современ апарат по дизајн и функционалност, не постои.
Предноста на магнетната резонанца е во тоа што не користи јонизирано зрачење т.е нема никакво штетно влијание па затоа може да го користат новороденчиња, деца, трудници и сл.