

КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА
Дијагностиката на голем дел од болестите денес не може да се замисли без користење на компјутерски томограф. Неуромедика во оваа област располага со најсовремениот 64 слајсен компјутерски томограф од програмата на Siemens, кој и сам по себе е гаранција за квалитет и успех. Успехот во неговата примена е што го намалува времето на снимање, како и креирање на беспрекорна острина и јасност на дијагностичките детали на сликите. Времетраењето на снимањето е од 5-20 секунди во зависност од тоа дали снимањето се однесува само на одреден дел или на целото тело. Оваа карактеристика го прави посебно погоден за примена и кај мали деца. Компјутерската томографија помага за многу полесно и поточно дијагностицирање на разни заболувања како : карциноми, инфективни болести, повредите и болестите на мускулно-скелетниот систем и сл.Единствено Неуромедика ви нуди и можност за виртуелна колоноскопија и виртуелна бронхоскопија.
КТ дава можност наместо со биопсија да се одреди морфолошкиот изглед на туморот, неговата големина,како и да се утврди точната локација и неговата проширеност во околните ткива и структури.
Освен за дијагностицирање на болеста, најновиот 64 слајсен томограф нуди и можност за планирање на целокупната терепија и планирање на целокупниот оперативен зафат.